Свет
20. March 2016 - 14:00

Страшна сообраќајна несреќа, загинаа 14 студенти

 
Во страшна сообраќајна несреќа во Шпанија загинаа 14 лица. Автобусот кој превезувал студенти се судрил со автомобил на автопат на истокот на земјата.
 
Студентите на Универзитетот во Барселона оделе на годишниот фестивал Лас Фалас во Валенсија.
 
Според првичните информации, возачот изгубил контрола над автобусот и се удрил во возилото пред себе по што се извртел, удрил во заштитната ограда и се превртел.
 
Повеќе лица се повредени, а пожарникарите морале да ги извлекуваат од возилото. Сеуште не е познат идентитетот на настраданите, но се знае дека се студенти од различни земји.
 
Ова е една од најтешките сообраќајни несреќи во историјата на Шпанија.