Балкан
18. September 2015 - 12:36

Страшна сообраќајна несреќа - Шестгодишната Ангела загина, татко и се бори за живот

 
Шестгодишната Ангела Марковиќ загина а нејзиниот татко се бори за живот откако направиле страшна сообраќајна несреќа. Предраг кој управувал со својот автомобил Јагуар загубил контрола и излетал од пат. 
 
Иако докторите направиле се да го спасат малото девојче од Србија, обидите не вродиле со плод, а нејзиниот татко и понатаму е во животна опасност.
 
Трагедијата се случи завчера околу 23 часот во Лазаревац кога Предраг загубил контрола и излетал од патот. 
 
Предраг од првиот брак има 12-годишна ќерка. Пред неколку години се оженил со сопругата Драгана со која ја имале Ангела.
 
Голема трагедија.