-->
-->
Страшна сообраќајна несреќа помеѓу два автомобили и автобус во близина на Велес - има повредени
-->

Сообраќајна несреќа во близина на Велес помеѓу автомобил „Хонда Акор“, автобус „Мерцедес“ и автомобил „Пежо Партер“.
Вчера во 16:10 часот на регионалниот пат Велес- село Мамутчево се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „Хонда Акорд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.К. (47) од Скопје, автобус „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управуван од С.И. (49) од село Долно Липовиќ и автомобил „Пежо Партнер“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од С.М. (59) од Свети Николе.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на автомобил „Хонда“ М.К., кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во болницата „Аџибадем Систина“-Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Велес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Силјановска Давкова на средба со Јотова во среда во Софија
-

Тема на денот со Оливер Миланов, директор на Агенција за храна и ветеринарство
-

Од полноќ нови цени на горивата, Мицкоски најави поевтинување на струјата од нова година
-

Статистиката измери инфлација од 4,8% во мај
-

Партиски препукувања околу европската иднина на Македонија
-

Законот за правична застапеност во среда пред пратениците
-

„Пулс“ надвор од системот, ниту еден редовен ниту вонреден надзор на ДЗС
-

Во тек е постапка за вработување на пет инспектори во Инспекторат за употребата на Законот за македонски јазик
