Македонија
20. October 2018 - 21:02

Страшна сообраќајна несреќа на патот Крива Паланка - Деве Баир, целосно запрен сообраќај

Магистралниот пат Крива Паланка – г.п. Деве Баир е затворен за сообраќај во двата правци од 19:45 часот, соопшти вечерва АМСМ.

Оттаму соопштуваат дека тоа е поради тешка сообраќајна несреќа.

Засега нема подетални информации за сообраќајката.