Македонија
16. December 2015 - 12:58

Страшна сообраќајна несреќа на патот Делчево - Штип

Вчера околу 08.30 часот на магистралниот пат  Делчево – Штип, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „Ман“, управувано од Т.К.(31) од Кочани, патничко моторно возило „Пежо“, управувано од Н.А.(48) од Виница и комби „Фиат Добло“, управувано од Д.А.(32) од село Липец. Во незгодата со тешки телесни повреди односно со напукнат 6-ти вратен пршлен, се здобил Н.А., на кого  му е укажана медицинска помош и е задржан на лекување во ЈЗУ-Кочани. Увид на  местото на настанот извршила екипа од ПС-Кочани.