Свет
18. January 2017 - 13:04

Страшна сообраќајна несреќа на автопат - камион покоси неколку автомобили, има жртви

Шест лица смртно настрадаа, а 16 се повредени откако камион со мешалка за бетон покоси автомобили на автопатот во кинеската провинција Гуангдонг.

Кинеската државна телевизија CCTV ја објави снимката од безбедносните камери кои го снимиле моментот во кој камион се забива во автомобили, јавува Ројтерс.

Имаше експлозија и голем пожар што го зафати камионот и неколку автомобили.

Возачот на камионот е уапсен, а зошто се случила незгодата, треба да покаже истрагата.