Балкан
21. July 2016 - 13:52

Страшна сообраќајна несреќа - автобус им влетал во домот додека спиеле

Рано утринава страшна автобуска несреќа ги потресе жителите на селото Бинјежево, кога автобус буквално влета во куќа.
 
Причината за несреќата сеуште не е позната, но возачот на автобусот во засега неразјаснети околности загубил контрола и удрил во куќата на семејството Ризвановиќ.
 
Сопственикот на куќата е тешко повреден, а неговата мајка е итно препратена на Клиника. Тие спиеле кога автобусот буквално им влетал дома, се им искршил и ги повредил.
 
Во тек е извлекување на автобусот од местото на несреќата.
 
Автобусот сообраќај на релацијата Сараево-Дубровник-Сараево.