Балкан
29. April 2016 - 11:26

Страшна сообраќајка: Загинаа мајка, ќерка и баба, таткото е повреден

Три лица меѓу кои и едно дете од две години, загинале во судир меѓу автомобил марка „Застава“ и „Фолксваген“ вчеравечер околу 22 часот во Сјеница. Во несреќата се повредени две лица.
 
Според неофицијални информации  загинале Б.М. (26), две-годишната ќерка Л.Ш, како и бабата A.Ш. (50), додека A.Ш.(29) татко на девојчето бил тешко повреден.
 
- Четворицата биле во автомобилот „Застава“ кој го управувал А.Ш кој се движел од Нови Пазар кон Сјеница. во еден момент дошло до директен судир со другиот автомобил „Фолксваген“ кој го управувал А.К кој е полесно повреден, - изјавиле од полицијата во Нови Пазар за спрски Блиц.
 
А.К минал со полесни повреди и после укажаната помош бил задржан во полиција.
 
Возачот на „Заставата“ бил итно префрлен во болница во Ужице, а причините за оваа несреќа се уште не се познати.