Македонија
9. September 2015 - 8:55

Страшна сообраќајка во Скопје - Две лица тешко повредени!

Страшна сообраќајка синоќа го потресе Скопје. На булеварот „11 Октомври" кај Хубо маркеторт, во 20 часот, се судрија такси-возило и моторцикл, при што возачот на моторциклот и неговиот сопатник се тешко повредени.

Брзата помош веднаш пристигна на местото на настанот. Полицијата до касно во ноќта вршеше увид на местото на настанот. 

Сообраќајот на местото каде се случи несреќата беше во застој неколку часа.

Повеќе информации се очекуваат во текот на денешниот ден.