Македонија
15. May 2016 - 13:14

Страшна сообраќајка во Прилеп ја потресе Македонија

 
 
 
Сообраќајна несреќа во Примеп. Вчера во 10 часот и 50  минути на регионалниот пат Прилеп-Вештачко езеро се случила сообраќајна незгода во која  „Лада рива“ без регистарски ознаки, управувана од 20-годишниот Е.У.  од Прилеп,  изгубила контрола  и удрила во паркиран автобус „Неоплан“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на „Бисер пром“ ДОО Скопје.
 
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Е.У.  кој бил пренесен во болницата во Прилеп и истиот ќе биде задржан на понатамошно лекување.
 
Увид на местото на настанот извршила екипа од  Полицијата во Прилеп.