Македонија
26. March 2016 - 18:21

Страшна сообраќајка во Кисела Вода: Најмалку едно лице загина

Во Кисела вода, во близина на училиштето „Круме Кепески“ и КАМ маркетот, две противпожарни возила во моментов се обидуваат да ја разбијат вратата и да ги извлечат луѓето од возилото кое што удри во автобус на ЈСП, објави Плусинфо.

Во моментов од возилото се извлекува едно безживотно тело, а во близина има три екипи на брза помош.

Возилото, возејќи во спротивен правец од автобусот пред малку влетало во лентата по која возел автобусот на ЈСП и се случил директен судар во кој возилото е сосем оштетено, предното стакло на автобусот е скршено.

За сега нема информации за бројот на повредени лица.

ФОТО: Плусинфо