Македонија
24. November 2016 - 10:11

Страшна сообраќајка во Кичево - Со автомобилот се качи на дрво

Сообраќајна несреќа во која за среќа причинета е само материјална штета се случила рано утрово околу 4:50 часот во Кичево.
 
Од полицијата велат дека 24-годишниот Ф.Г. од Албанија управувајќи „Ланд Ровер“ во кој имало уште двајца сопатници, изгубил контрола над возилото поради неприлагодена брзина и излетал од коловозот.
 
Автомобилот удрил во дрво кое се наоѓало на пешачката патека на булеварот „Ослободување“, кај кружниот тек.
 
Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.