Македонија
25. March 2019 - 12:28

Страшна сообраќајка во Битола - две лица тешко повредени

Страшна сообраќајна несреќа во Битола, повредени две лица. Како што информираат од МВР, вчера  на крстосницата од патот село Лисолај-Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Шевролет спарк“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.С(25) од село Белче, демирхисарско и патничко возило „Опел корса“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.М(32)од Битола. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот во патничкото возило „Опел  корса“ и бил пренесен во Клиничка болница Битола. Возачот на патничкото возило Шевролет спарк“ и сопатникот од другото возило се здобиле со телесни повреди. Извршен бил увид на местото.