-->
-->
Страшна сообраќајка во Батинци: Мерцедес пропадна во одводен канал, тројца тешко повредени
-->
Ноќеска околу 23,55 часот во с.Батинци-скопско се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистерски таблици управувано од Е.Л. (36) од с. Ќојлија излетало од патот удрило во бетонски ѕид а потоа пропаднало во одводен канал.
Е.Л. и едниот сопатник И.Л.(38) се здобиле со тешки телесни повреди додека другиот сопатник А.Л.(37) се здобил со телесни повреди.
Возачот бил пренесен во Комплексот Клиники “Мајка Тереза“, додека сопатниците биле пренесени во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.
Од страна на увидна екипа од СВР- Скопје извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Две жртви и еден повреден во сообраќајката на експресниот пат Штип-Кочани
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк