Страшна сообраќајка во Австрија кај Линц, македонски автобус се судри со камион, осум патници повредени
Две лица се потешко повредени, но не се во животна опасност, а шест лица се полесно повредени во сообраќајката која се случила изутрината, во 6 часот, во близина на Линц, Австрија. Во несреќата се судриле македонски автобус и товарен камион.
- Колегите од Амбасадата на Република Македонија во Виена телефонски се слушнаа со полицијата во Виена, кои им потврдиле дека во автобусот имало 18 македонски државјани, од кои две лица се потешко повредени, но не се во животна опасност и шест лица се полесно повредени. Целосен извештај ќе дадат откако ќе биде завршен увидот, соопштија од МНР.
Австриските медиуми информираат дека сите повредените се згрижени во болница, а бил затворен и автопатот кон Линц.
Според австриските медиуми, по сударот, камионот, кој бил натоварен со дрва, се превртела кабината, а возачот останал заробен. Повредениот возач бил пренесен со хеликоптер во болница.
Се уште не е познато која е агенцијата преку која патувале маедонските државјани, ниту името на превозникот на автобусот.
Ново на Сител
-
Баша го обвини премиерот Рама за насилно сценарио,тензиите се смируваат
-
„Чудовиште“ ги предупредува Холанѓаните да се подготват за Брегзит
-
Девојката на која и беше ампутирана ногата се уште во критична состојба, почина уште еден од повредените
-
Кога снегот ќе ги затрупа куќите: Во овој руски град снег има до гуша, еве како луѓето влегуваат и излегуваат од дома
-
Мицкоски: Ќе понудиме решенија и план кој ќе ја извадат нашата земја од кризата во која е потоната
-
Трамп потпиша закон за избегнување нова делумна блокада на администрацијата
-
Загрепскиот споменик на Туѓман мора на реставрација
-
Тензично на масовните протести, Мета повикува на воздржаност