Балкан
22. February 2017 - 10:27

Страшна сообраќајка утринава: Пожарникари ги ваделе телата од смачканите возила

Пет лица се здобиле со повреди во страотна сообраќајна несреќа која утринава се случи во Себија, кога автомобил се заби во комбе.

Несреќата се случила утринава кога под неразјаснети околности автомобилот се забил во комбето кое пренесувало роба, а интервенирале и пожарникарите.

- Повредени се пет лица, од кои едно потешко. Најтешко е повреден 62-годишен маж, велат од Итната помош за српскиот Курир.

Пожарникари ги ваделе телата од приклештените автомобили.

Повеќе детали ќе бидат познати подоцна.