Страшна сообраќајка на патот Скопје-Тетово, едно лице загина
Едно лице загина, а уште едно е во животна опаснот по тешката сообраќајна несреќа што се случи околу 15 часот и 30 минути на регионалниот пат Скопје - Тетово, кај Добарскиот натпатник.
Од СВР Тетово информираат дека автомобил Цитроен Ц3 со тетовски регистарски таблички од засега неутврдени причини излетал од коловозот и се превртел во близина на Добарскиот натпатник. На триесеттина метри од превртеното возило полицијата пронашла тело на починато повозрасно машко лице за кое се претпоставува дека било сопатник во возилото, додека тетовските пожарникари од возачкото седиште извлекле друго машко лице кое со тешки телесни повреди било префрлено во тетовската Клиничка болница и се наоѓа во сериозна здравствена состојба.
На местото на сообраќајната несреќа се чека јавен обвинител кој заедно со полициската екипа треба да изврши увид за утврдување на идентитетот на загинатото и на повреденото лице, како и на причините за сообраќајката.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација