Македонија
10. May 2017 - 14:43

Страшна сообраќајка на патот Скопје-Тетово - Едно лице починало на лице место

Вчера околу  16.45 часот на регионалниот пат Скопје-Тетово, пред влезот за с.Добарце, се случила сообраќајна незгода во која М.С. (74) од Тетово, управувајќи ПМВ „Цитроен Ц3“ со тетовски регистарски ознаки, поради неприлагодена брзина кон условите и состојбата на патот, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во незгодата, сопатникот М.Т. (68) од Тетово, од здобиените повреди  починал  на местото на незгодата. Возачот М.С. се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Клинички центар Тетово, како итен случај е префрлен во Ургентен центар Скопје. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово.