Македонија
12. јуни 2018 - 13:43

Страшна сообраќајка на патот Куманово – Свети Николе, тешко повредени татко и ќерка (5)

Татко и ќерка се тешко повредени во сообраќајна несреќа која вчера во 15.50 часот  се случила на регионалниот пат Куманово – Свети Николе.

Како што информираат од полицијата патничко моторно возило “Голф“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Ф.С.(24) од Куманово излетало од патот.

- Од незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле Ф.С. и неговата 5 годишна ќерка. Поради сериозноста на повредите, истите по укажаната лекарска помош во Медицински центар -Штип, се пренесени во Комплекс клиники “Мајка Тереза“, информираат од МВР.

Извршен е увид на местото на настанот.