Македонија
11. јуни 2017 - 13:45

Страшна сообраќајка на булеварот „8-ми Септември“

Во текот на вчерашниот ден во 10 часот и 40 минути во Скопје, на булеварот „8-ми Септември“ се случила сообраќајна незгода помеѓу возило  „Рено Лагуна“ со скопски регистерски таблици управувано од 58-годишниот С.С. од селото Арнакија и возило „БМВ“ со скопски регистерски ознаки управувано од 49-годишниот Р.Н. од Индија, а со времен престој во село Бардовци-скопско.

При незгодата Р.Н. се здобил со тешка телесна повреда и тоа фрактура на шести цервикален пршлен, констатирани во  „Аџибадем Систина“, каде што е задржан на лекување.

Извршен е увид од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.