Македонија
9. October 2016 - 18:28

Страшна сообраќајка кај Железничка - тројца во болница

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа која предмалку се случила кај Железничката станица во Скопје. Како што дознава Курир, учествувале автомобил „Голф“ со велешки регистерски ознаки и автомобил „Сеат“.

Повредените лица со возило на Итна медицинска помош се пренсени во ГОБ „Св. Наум Охридски“ но засега нема детали за карактерот на повредите.

Повеќе детали се очекува да бидат познати подоцна.