Македонија
23. August 2016 - 18:21

Страшна сообраќајка кај Охрид, се судрија камион и мотор

На патот Охрид-Кичево кај село Требеништа, попладнево се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикл и камион.

Моторциклот од Скопје се движел во правец кон Охрид, а тешкото товарно возило „Сканија“, од Охрид кон Кичево. Моторциклот завршил под камионот.

Во моментот увид на местото вршат јавен обвинител и полицијата, а сообраќајот е блокиран.

МВР потврди дека загинал возачот на моторот, но неговиот идентитет не е соопштен.