Македонија
20. July 2018 - 9:37

Страшна сообраќајка кај Гевгелија, скопјанец загина возејќи шлепер

Вчера околу 18,30 часот било пријавено дека на автопатот Гевгелија-Скопје, С.Г.(57) од Скопје управувајќи товарно моторно возило “Мерцедес“ со полуприколка “Шмитц“ изгубил контрола над возилото, излетал од коловозот, удрил во заштитната метална ограда и се превртел.

По незгодата возачот С.Г. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Јавната здравствена установа Гевгелија, каде починал.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.