Балкан
1. October 2017 - 10:51

Страшна сообраќајка: Бебе почина на лице место, родителите и другото дете во животна опасност

Едно бебе почина, а неговите 28-годишни родители и другото тригодишно дете се тешко повредени во сообраќајна несреќа која се случила на автопатот од Алексинац кој Ниш. Семејството се враќало од Белград, кога околу 21.50 часот кај Алексиначки Бујмир се судриле со комбе. 
 
Во најтешка ситуација е мајката, која има повреди опасни по живот.
 
Сите биле пренесени во Клиничкиот центар во Ниш.
 
Автопатот пред полноќ повторно бил отворен за сообраќај.