Свет
14. August 2018 - 19:15

Страшна несреќа во САД: Американец се забил со авион во својата куќа, сакал да ја убие сопругата

Маж од американската сојузна држава Јута, после караница со сопругата украл мал авион и со него се забил во сопствената куќа. Загинал на лице мсто.

Дуане Јоуд украл авион марка Чесна 525 од аеродромот на кој работел, со цел намерно да го забие во својата куќа, како би ја убил својата сопруга и би се самоубил. Несреќата се случила вчера околу 2:30 часот по локално време во Пејсон, град оддалечен околу стотина километри од Солт Лејк Сити.

Неколку часа порано го фатиле поради семејно насилство

Американските медиуми пишуваат дека во текот на нападот во куќата била сопругата на Јоуд и едно дете, кои преживеале. Не е познато дали детето е нивно.

Само неколку часа порано Јоуд бил уапсен поради семејно насилство. Дошол на состанок со сопругата како би се обиделе да ги решат брачните проблеми, но околу 19:30 часот полицијата го затекнала како физички ја напаѓа сопругата. Го привеле во станица, после што е пуштен со платена кауција, од каде отишол на аеродром „Spanish Fork- Springville“, на кој работел. Бил искусен пилот.

Јоуд веќе имал пријава поради семејно насилство. Исто така, одел на шестмесечно брачно советување кое му било одредено поради насилничко однесува кон сопругата.