Македонија
24. јуни 2016 - 13:24

Страшна несреќа во Македонија - Се искршија пет возила

Страшна несреќа во Македонија. Во 20 часот и 10 минути на Магистралниот пат А1 кај селото Градец, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Спарк“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 39-годишниот Т.Т. од Неготино, возило „Фиат Дукато“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 29-годишниот Т.Д. од Гевгелија, возило „Рено Клио“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 34-годишниот П.Л. од Градско и возило „Ауди А3“ со дипломатски регистарски ознаки, управувано од 35-годишниот П.И. од Грција, со престојувалилште во Скопје. 
 
Во незгодата со повреди се здобиле сопатниците во возилата: Т.Ц., Т.С и италијанската државјанка М.К.П., на кои им била укажана лекарска помош во Општата болница Велес и им биле констатирани телесни повреди.
 
Истите се пуштени на домашно лекување.
 
Увид извршила екипа од Полицијата во Валандово.
 
Сообраќајот бил во прекин од 20 часот и 40 минути до 23 часот.