Македонија
23. January 2019 - 11:14

Страшна несреќа во Македонија: Девојка прегази пешак

Во 20.00 часот на улица „22 Декември“ во Струмица, 25-годишната Л.М. од Струмица, управувајќи патничко возило „Фолксваген Поло“ со струмички регистарски ознаки, удрила во пешак.

Се работи за 72-годишниот Б.В. од Струмица кој се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.