Свет
12. April 2019 - 11:05

Страшна несреќа во Кина, воз излета од шините и удри во куќа, 8 мртви на самото место

Товарен воз излета од шини во централна Кина и удри во куќа, убивајќу двајца станари како и шест членови на посадата на возот, соопштија денеска локалните власти.

Несреќата се случила во четвртокот вечер, а телата на загинатите се пронајдени утредента.

Фотографиите ја покажуваат локомотивата и 14 вагони под пругата, по подножјето на делумно разрушена зграда.

Возот превезувал минерале на алуминиум. Покрената е истрага за причините за несеќата.

Kurir.rs/Beta