Балкан
10. јуни 2017 - 10:34

Страшна несреќа кај Зелен Пазар во Белград: Жена остана да лежи во крв

 
Страшна сообраќајна несреќа се случи нешто пред 17 часот вчера, кога жена во Белград беше удрена од автомобил.
 
Таа во близина на зелениот пазар претрчала на црвено, а тогаш автомобил марка цитроен налетал на неа, ја кренал во воздух и ја оставил во крв на земјата. Засега е познато само дека жената била на возраст од триесетина години.
 
Случајните минувачи се стаписале, но брзо реагирале и викнале помош. Таа била цела во крв, без свест, но жива. Брзата помош ја однела додека таа тешко дишела.
 
Повеќе детали денеска.