Македонија
12. April 2016 - 11:59

Страшна несреќа ја потресе Македонија - Работник го загуби животот

Страшна несреќа ја потресе Македонија откако вчера во 11 часот и 30 минути на улицата „Мирче Ацев“ во Велес, земја затрупа работник. Според податоците од полицијата, се работи за 37-годишниот И.А. со привремен престој во Велес, вработен во ДООЕЛ „Афион“, кој при изведување градежни работи, бил затрупан од поголема количина земја и камења по што починал. 
 
Тој работел на потпорен ѕид и во момент кога влегол во ископаниот дел врз него паднала поголема количина на земја и камења, која го затрупала. Вработени во наведената фирма го извлекле, а екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт.
 
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа полицијата.
 
Телото на работникот е дадено на обдукција.