Бизарно но вистинито
24. August 2016 - 18:10

Страшна исповед на силувано девојче: Еден беше над мене, еден под мене ,а 30 чекаа на ред

Исповед на жртва на масовно силување: Бев издрогирана. Еден беше под мене, другиот на мене, а 30 чекаа на ред.

Масовно силување на тинејџерка и објавени видеа на друштвените мрежи го разбесни цел Бразил и алармирала полицијата за да влезе во потрага по 30 лица кои се иживувале над една девојка.

Четири дена по дивјачкиот напад проговори и самата жртва. Станува збор за 15- годишно девојче кое се обидува во глава да ги спои сите работи кои и се случувале тоа кобно утро. Во разговорот со „TV Record“ открива дека не верува дека виновниците ќе си ја одлежат својата казна.

– Нема да чекам нашите чувари на законот нешто да превземат, бидејќи тоа и никогаш нема да го дочекам. Ја чекам правдата на бога, која ќе ја дочекам кога тогаш, изјавила девојката.

За овој скандал никогаш не би се прочуло да не го поставел видеото некој манијак на Интернет. На тоа видео девојката била гола во несвесна состојба додека најмалку 30 лица навиваат за неа.

– Заспав и се разбудив на сосема друго место. Еден маж беше пред мене, еден на мене, двајца ме држеа за рацете. Бев дрогирана, но јасно го слушав смеењето на мажите. Тоа беа деца, криминалци со пиштоли…

Полицијата сеуште се обидува да ги идентификува и конечно тргнало со апсење.

Првиот човек од истрагата веќе добил отказ, а случајот го превзела единица за злоставување на малолетници.

На крајот од интервјуто девојката признала дека во живт ја вратила поддршката на јавноста.

– Веднаш знаев дека во мојот случај нема правда  и дека ќе бидам јавно осрамотена. Во првиот момент, не сакав да и кажам на својата мајка. Но кога видов колку луѓе се побуниле и ми дале поддршка, станав свесна дека во оваа борба не сум сама…