Спорт плус
30. December 2018 - 12:19

Страшен пад на словенечкиот скијач: Изгледаше дека е во ред, а потоа се онесвести

Словенечкиот скијач Клемен Коси доживеа страотен пад на Светскиот куп во спуст во Бормио, по што веднаш го префрлиле во блиската болница со хеликоптер.

Клемен изгубил контрола на исклучително тешка патека, по што  потоа се зализгал и пробил две нивоа на заштитната ограда.

Првиот впечаток бил дека се е во ред, но неколку секунди подоцна Коси изгубил свест. Тогаш настанал општ хаод и веднаш пристигнал хеликоптер, па Словенецот е пренесен во болница.

Се уште нема вести од болница за неговата состојба.