Свет
5. July 2018 - 14:21

Страотно злосторство во Сиднеј: Две деца убиени во куќа, полицијата трага по маж

Двајца тинејџери за застрелани во куќа во предградието на Сиднеј, а итната помош и дава помош на третата жртва.

Се работи за брат и сестра, а нивната мајка е повредена.

Полицијата добила дојава за кобното пукање околу 5.20 часот по локално време во куќа на Вест Пенант Хилс. Се верува дека во прашање е случај на семејно насилство.

Полицијата ја блокираше целата улица. Наводно бараат маж на возраст од 50 години за кој веруваат дека може да помогне во истрагата.

Целата област е блокирана, а на терен се наоѓаат голем број полициски возила.

„Како може некој да пука во деца, тоа е ужасно“, рече една соседка.