Балкан
26. October 2016 - 11:26

Страотно злосторство: Ќерка со секира го искасапи таткото и братот, мајка и се бори за живот

Полицијата во Краљево ја уапси С.Л. (1965) поради основано сомнение дека со секира им нанела смртоносни повреди на таткото (75), братот (54) , а мајка и (73) е во критична состојба, соопшти српската полиција.

Како што се наведува, С.Л. во семејната куќа во село кај Краљево, два часа по полноќ навалила со секира врз членовите на семејството. Од здобиените повреди таткото починал на самото место, а мајката и братот се префрлени во општата болница во Краљево.

Братот набрзо им подлегнал на повредите, додека мајката се бори за живот.

На С.Л. и е одреден притвот од 48 часа и ќе биде приведена во Вишото јавно обвинителство во Краљево.