Страотно: Воз удри во автобус со 50 патници, најмалку тројца загинати
Воз во близина на Билокси во Мисисипи, удри во автобус со 50 патници. Најмалку тројца загинаа.
Очевидците велат дека автобусот заглавил на пругата и потоа возот удрил во него. Автобусот бил полн со постари луѓе.
Автобусот од Остин во Тексас запрел на преминот преку пругата во центарот на Билокси околу 14.15 часот по локално време.
Тогаш го удрил возот кој го оттурнал над 90 метри. Патниците се спасувале низ прозорците, пренесуваат локалните медиуми.
Медицинскиот персонал од блискаа воздухопловна база дошол на местото на несреќата.
Итната помош на компанија Акадиан објави на Твитер дека испратиле 10 возила и два хеликоптери на барање на полицијата од Билокси.
Поради несреќата сообраќајот е блокиран, а повредените патници се транспортирани во болницата Мередит Хелт и Оушен Спрингс во Билокси, како и во болнциата Сингинг Ривер во Пескагули.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата