Живот
25. May 2018 - 10:18

Страотно: Пит бул за малку ќе растргнеше дете (4), го стисна со вилицата, газдата едвај успеа да го ослободи

Страотна сцена се случи во Кина кога пит бул нападна дете (4) и го гризна за нога.

Кучето било врзано за дрво, но тоа не го спречило да го нападне детето. Пит булот веднаш го гризнал детето за нога, а минувачите и сопственикот на кучето се обидувале да го одвојат од детето.

Откако успеале во тоа, детето е однесено во болница. Полицијата даде изјава дека детето кое се презива Ву е нападнато пред продавница за миленичиња во округот Дазу.

Сведоците целата глетка ја снимиле со мобилни телефони. На снимката се гледа сопственикот на кучето (31) како се бори да го ослободи детето од вилицата на пит булот.

Детето падна на подот, а кучето ја зграпчи неговата десна нога и не сакаше да ја пушти. Лекарите на детето му констатираа повреди, а забите од кучето му направија мали дупчиња на нозете.

Според соопштението, сопственикот на кучето се согласи да плати казна од 66 евра и доби усно предупредување. Исто така се согласи да ги плати трошоците на лекувањето на детето.