Балкан
21. July 2017 - 12:50

Страотни слики во Грција по земјотресот кој однесе два животи: Се е срушено, луѓето неми од шок!

Силен земјотрес со јачина од 6.7 степени по Рихтер го погоди утрово Егејско море во близина на популарни турски и грчки летувалишта. Најмалку две лица го загубија животот, а околу 200 се повредени.

На грчкиот остров Кос, според пишувања на локалните власти најмалку две лица загинале а 120 се повредени, пренесува Ројтерс

Во Турција околу 70 лица се повредени и пренесени во болница.

Според фотографиите од лице место може да се види дека е причинета голема материјална штета.

Многу улици се поплавени а голем број туристи ноќта ја поминале под отворено небо, стравуваат од нови земјотреси.