Свет
17. January 2019 - 11:30

Страотни експлозии во Франција: Се одлета во воздух на универзитетот во Лион, ужасна глетка

Неколку експлозии на гас се случија во зграда  на универзитетот во Лион во Франција.

Огнот најпрво изби на терасата на покривот од зградата од кампусот и моментално е „под контрола“, соопшти универзитетот на Твитер.

Универзитетот соопшти дека три лица се здобиле со полесни повреди.

Од покривот на зградата може да се види како излегува оган и чад.

Полицијата и пожарникарите стигнаа на местото на настанот. Студентите и персоналот се евакуирани од зградата на кампусот.