Балкан
19. April 2017 - 9:19

Страотни детали за убиството на таткото на две деца: Се самоуби на роденденот на ќерка си

Раденко Миќиќ од Тршиќ кај Зворник е пронајден мртов на својот имот. Прво сакал да си го прекрати животот во езеро, и кога не успеал, си пукал во глава.

Раденко Миќиќ (39) од Тршиќ кај Зворник во БиХ, татко на две деца, се самоуби во понеделникот со истрел од пиштол кусо време откако преживеал слетување со автомобилот во Зворничкото езеро.

Во полициајта се сомневаат дека Миќиќ прво со автомобилот се обидел да се убие, но кога не успеал во тоа, зел пиштол и отишол во помошниот објект каде си пукал во глава.

-Автомобилот „мерцедес“ вечера околу 6.55 часот слетал во Зворничкото езеро во населбата Дивич и во таа незгода никој не настрадал. Во возилото се пронајдени документи на име Раденко Миќиќ и утврдено е дека автомобилот бил негова сопственост. Во меѓувреме, Миќиќ е пронајден мртво во помошниот објект покрај својата куќа и се укажува на тоа дека извршил самоубиство, наведуваат од полицијата во Зворник.

Возилото во 9.30 часот е извлечено од езерото и во полицијата објаснуваат дека во текот на увидот не се пронајдени траги од кочени, поради што се сомневаат дека Миќиќ првин со возилото се обидел да се самоубие.

По инцидентот со возилото тој отишол дома и се самоубил со пиштол. Наредена е обдукција во телото на Раденко.

Семејството на покојниот занеме од тага и болка. Воопшто не им е јасно зошто се случило тоа.

-Само Господ знае што се случило... Тој утрото дојде дома целиот воден. Откако ја пресоблече ја здипли водената облека. Сите мислеа дека отишол да легне за да отспие и да се одмори но во еден момент сфатија дек излегол по влечки и отишле да го побараат. Го пронашле на креветот. Го довикуваа: „Раденко, Раденко...“. Во првиот момент не сфатија дека е мртов, се додека не ја видоа крвта на главата, вели низ солзи стрикото на Раденко, Милан Миќиќ.

Тој вели дека на никој не му е јасно зошто Раденко си кренал рака на себе.

-Раденко немаше никакви проблеми. Беше вреден и добар работник и добар татко. Сите сме во шок и не ни е јасно зошто го направи тоа, вели миќиќ.

Подготвувал роденден на ќерката

Милан Миќиќ вели дека зад неговиот внук останале син и ќерка, на која на денот на татковата смрт и било реденден.

-Ништо не укажуваше на трагедијата. Па тој во понеделникот отиде да купи работи за децата, зошто на неговата ќерка вчера и беше роденден. Наместо да слават, цело семејство тагаува, вели тој.

Полициската истрага треба да го открие мотивот за самоубиството и зошто Раденко двапати кренал рака на себе.