Балкан
29. December 2017 - 13:14

Страотна трагедија ја потресе Србија: Тројца мажи пронајдени мртви во селска куќа

Тројца мажи се пронајдени мртви синоќа во една куќа во нишкото село Поповац.

Според првичните информации, тие настрадаа од задушување со чад. Полицијата изврши увид, а известено е и надлежното обвинителство.

Според друга непотврдена информација од медиумите, двајца мажи од 48 и 28 години изгореле во пожарот, додека третиот (36) се задушил од чадот.