Македонија
1. August 2015 - 12:41

Страотна сообраќајна несреќа кај Гевгелија - Загинаа три лица

Три лица, државјани на Србија утрово настрадале во сообраќајна несреќа која се случила кај Гевгелија, пренесува „Телеграф“ повикувајќи се на информации од Обвинителството.

Според првичните информации несреќата се случила утрово околу седум часот. Во тешката сообраќајна несреќа учествувале две возила при што едно патничко возило удрило во метален столб за вертикална сигнализација.

Од силината на ударот и настанатите повреди во несреќата полинале три лица српски државјани.