Македонија
27. November 2015 - 10:20

Страотна сообраќајка во Кисела Вода - настрада моторџија

Рано утрово се случи страотна сообраќајка во Кисела Вода при што настрада мотоциклист.

Сообраќајката се случи на булеварот Борис Трајковски, а мотоциклистот изгубил контрола врз моторот најверојатно поради влажниот и лизгав коловоз.

Повредениот моторџија со возило на Итната помош е префрлен во болница.

Засега не е позната неговата здравствена состојба.

Полицијата изврши увид на местото на несреќата.

Фото. Puls24.mk