Македонија
5. December 2015 - 8:51

Страотна сообраќајка во Кисела Вода, еден загинат и четворица повредени

Страшна сообраќајна несреќа се случи ноќеска во која најмалку едно лице загина, а четворица се тешко повредени и пренесени на Ургентен.

Тешката сообраќајна несреќа се случила во скопската населба Кисела Вода, кај Рампа.

Неофицијално, едно лице е загинато, дедека други четири лица се пренесени во Ургентниот центар.

Во сообраќајката учествувале автомобил марка “лада“ со скопски регистерски таблички и патничко комбе со белградски таблички кои директно се судриле.

На самото место интервенирале и пожарникари во обид да ги извадат телата на повредените.