Македонија
19. April 2018 - 10:18

Страотна сообраќајка во Драчево: Камион удри 7-годишно девојче, тешко повредено префлено на Клиника

Вчера околу 16,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во село Морани товарно моторно возило „Форд Транзит“ со скопски регистерски ознаки управувано од Џ.В.(50) удрило во седумгодишно дете-пешак.

Во незгодата пешакот со друго возило било пренесено во Поликлиниката Драчево, а од таму со возило на Итна медицинска помош била препратена во Комплексот Клиники “Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди и е задржана е на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.