Македонија
12. March 2017 - 22:10

Страотна сообраќајка вечерва на влезот од Скопје, тројца повредени

Страшна сообраќајна несреќа се случи вечерва на автопатот пред Скопје. Според досегашните информации од очевидци, од засега нејасни околности вечерва се судриле две возила.

Во сообраќајката се повредени две лица и пешак. 

На местото на несреќата врие од полиција и Брза помош. 

Од МВР ја потврдуваат информацијата и најавуваат повеќе детали за подоцна.

Полицијата врши увид, а моментално сообраќајот е во прекин. Повредените се пренесени во болница со возило на Итна помош.