Балкан
30. July 2017 - 21:49

Страотна сообраќајка: Се преврте автобус, повредени 26 туристи

Најмалку 26 лица се повредени при несреќа на туристички автобус во Турција, пренесе агенција ТАСС, повикувајќи се на турската телевизија ХаберТурк.

Според податоците на телевизискиот канал, несреќата се случила во округот Кајсери во јужна Турција. Туристите, чија националност не се прецизира, патувале од Адана кон водопадите Капузбаши.