Македонија
9. August 2016 - 9:44

Страотна сообраќајка на патот Радовиш - Штип, возачот се удави во Бучинска река

Седумдесет и две годишниот Н.Ј. од с.Брод го загуби животот во сообраќајна несреќа која вчера вечерта се случила на магистралниот пат Радовиш-Штип.

Од полицијата информираат дека Н.Ј. управувајќи со возило „Мерцедес“, изгубил контрола, излетал од левата страна во насока надвор од коловозот и завршил во провалија, односно во Бучинска река превртен на кров.

Возачот Н.Ј. починал како последица на давење, додека четворицата сопатници меѓу кои и 11 годишно дете минал без никакви повреди.

На местото на несреќата извршен е увид.