Македонија
13. February 2018 - 20:02

Страотна сообраќајка кај Гиновци вечерва, сообраќајот во прекин

Кај селото Гиновци на магистралниот пат Крива Паланка - Куманово вечерва се случи сообраќајна незгода меѓу патничко возило и трактор.

Поради тоа, како што соопшти Авто мото сојузот на Македонија, сообраќајот на овој патен правец е во целосен прекин.

Екипа од полициската станица во Крива Паланка врши увид на местото на настанот.