Балкан
29. December 2015 - 9:49

Страотна сообраќајка: Две возила се зачукаа во шлепер, двајца загинати

Две лица загинаа, а четворица се повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Белград - Шид, во близина на Мартинци, кај Сремска Митровица.

Како што се наведува во соопштението, до несреќата дошло кога во превртен шлепер удриле два патнички автомобили. Повредените лива се пренесени во Медицинскиот центар во Сремска Митровица.

Увид на местото на несреќата извршил заменик основен јавен обвинител во Сремска Митровица, во присуство на полицијата.

По налог на надлежниот обвинител, на возачот на шлеперот ќе му биде одредено задржување од 48 часа.

По запирањето на сообраќајот во правец на Шид, од 07.20 часот е пуштена во сообраќај една лента, а во тек е отстранување на шлеперот, стои во соопштението.