Свет
28. July 2018 - 10:29

Страотна сезона на монсуни во Индија: 37 мртви во поплавите, оштетена и тврдина од 16. век

Најмалку 37 луѓе загинаа оваа недела кога монсунските дождови предизвикаа рушење на куќи и поплави на северот од Индија.

 

Портпаролот на владата Аваниш Авасти реќе денеска дека настрадале кога дождовите почнале во четвртокот навечер, а повеќето загинале во петокот во Агри, северниот индиски град каде се наоѓа почнатата градба Таџ Махал.

Официјалните лица велат дека дождовите го оштетиле и надворешниот ѕид на тврдината од 16. век Фетехпур Сикри.

Метеоролошата служба прогнозираше уште дождови во наредните 48 часа во индиската држава Утар Прадеш каде живеат најмногу луѓе.